И покрај обидот за елементарна инсенација (на пр. бурлеската Наводенетиот наводнувач од 1895.), Лимиер во своите филмови негува фактографски документаризам: на расколот Мелиас-Лимиер се базираат двете основни струи во филмот, фикција/илузија и документ/стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Токму на Лимиеровата линија се филмовите на Енди Ворхол, чиј концептуализам е сличен - насловите на овие дела ја чинат неговата очекувана содржина; Eat, на пр., 45-минутна снимка на човек кој јаде печурки (човекот е Роберт Индиана, њујоршки поп-артист) може да го споредиме со Лимиеровиот 94 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Појадокот на бебето (1895), или, уште подобро, Kiss, 50-минутна серија со автентични бакнежи од различни парови, со Бакнежот на Меј Ирвин и Џон Рајс (1896) на Едмонд Кун, чиј продуцент бил Едисон, првиот филм кој отворено прикажува еден вид на сексуал ност, и играјќи на сензација, веројатно и првиот концептуален филм воопшто (овде актерите кои го изведуваат бакнежот се професионални актери).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)