- Ти си тука? – се свртев лево – десно, изненадена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од благиот повев на отсутните мисли, ме прекина авторитетниот глас на А.А.: - Вие сигурно имате да поставите прашање?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога оцени дека е тишината погодна да го наложи својот авторитетен глас, секретарот, Трим Тоска, Албанец, познат првоборец од овој крај, стана и ги претстави присутните со избрани зборови, најпрвин претставникот на централниот комитет на Партијата, потем претставниците на Министерството за градежништво и урбанизам, па локалните функционери, како и биологот Цветан Горски, Јагулче Дримски очекуваше да го слушне и своето име. Ама, ништо!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зошто си даваш отпор себеси, Бреза? – неочекувано го слушнав мекиот и полн со разбирање, тивок а авторитетен глас на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој со тивок, но авторитетен глас се надоврза: Ние, мој Камилски, ќе мораме, сепак, сакале или не, првин да ги почитуваме резултатите на лингвистичката наука во третирањето на турцизмите во различните балкански јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За тоа има многу примери не само во доменот на исчезнатите турцизми туку и кај заемките во многу други јазици? се надоврза со авторитетен глас Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)