При крајот, поправо на врвот од катедарското излагање на авторитетниот режисер, екипата веќе дремеше со клумнати глави на издишените гради, но се штрекна и се испрчи кога снимателот почна да плеска со дланките, кревајќи ги од една страна на ракоплескање и другите членови на екипата, а припомагајќи му од друга страна на режисерот да слезе од говорничкиот подиум на земја, односно на голиот под од дрвената барака.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)