акционер (прид.) - друштво (имн.)

Европскиот капитал ги ограбувал работните маси на Турција не само преку редовното наплатување на каматите и на кредитите, туку и директно, преку разни акционерски друштва и претпријатија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според Законот за трговските друштва од 1996 година, вработените имаат право на учество во управувањето во три видови претпријатија: •  акционерски друштва со едностепен систем на управување т.е. само со Одбор на директори (чл. 303, 305 и 306); •  акционерски друштва со двостепен систем на управување т.е. со Управен одбор и Надзорен одбор (чл. 334, 335 и 336); •  друштва во државна сопственост (чл. 666).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го нарече „прозор-греалка“ бидејќи тој, како и повеќето негови синтагми - уснени бродови (Mund- Boote), забни огради (Zahn-Zaune), тревнати бради (Gras-B, 139rte), спирални очила (Spiral-Brillen) - во својата формална амбиваленција истовремено потсетува на повеќе нешта: на мала печка и на оние виенски прозори на наемните куќи од времето на несолидните претпријатија (Grundjahre, понекогаш и Grunderzeit, е време на несолидно работење на германските акционерски друштва 1871-1872), кои секогаш имаат некој вид круна или капа од штукатура.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)