Читаше што имаше некогаш запишано за јаничарите, за јаничарството на својот народ, за тие први везири, (садраземи), министри, војсководци, паши, чиновници на високи државни служби, кадии, имами, дипломати, посебно многу претставници на јаничари по перо, кои ја испишуваа историјата на царството, но и отворено или скришно и на својот албански народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој дури имаше составено типологија на интелектуалното јаничарство во редовите на својот албански народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во својата незавршена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите, во поглавјето за јаничарството, Татко посебно внимание му посвети на интелектуалното јаничарство на Балканот, во Европа, во светот, но посебно кај својот албански народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко за својата Историја имаше цела јаничарска типологија, поаѓајќи од својот албански народ, па потоа кај другите балкански и европски народи со јаничарска судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко во својата судбина ги чувствуваше и изразитите парадокси од судбината на својот албански народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, во своите песимистички варијанти за Балканот, во својата незавршена Историја низ падовите на империите, тврдеше дека митот на балканските граници ќе живее најдолго, а причина ќе биде синдромот на асмата, на изолираноста, кои остануваа најсилно изразени кај неговиот албански народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Книгата е напишана на извонреден начин, во која авторот се обидува на своите собеседници да им даде на знаење дека ги замениле трите религии, својствени на албанскиот народ (исламот, православието и католицизмот), кои биле добро поставени и толерантни една кон друга, со комунистичкиот сталинизам, кој ќе завладее како еден вид нова религија која сакала да го заземе местото на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кому требаше да му служи овој вероцид против толерантноста и соживотот на албанскиот народ во историјата?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека го слушам Х.Х. во мислите трагам по поврзаноста на насилната атеизација на тројноконфесионалниот албански народ и верувањето во спасот од непријателите во претворањето на целата земја во бункер.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Повторно се огласив на неисцрпната тема: - Не заборавајте, другар А.А., политичкото месијанство што насилно го преземате од трите вери на албанскиот народ и го прогласувате како свое, за кое потоа сведочите во Атеистичкиот музеј, со тоа само ја продолжувате вашата религиозна илузија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко најмногу стравуваше сталинизмот да не се всели и најдолго да не остане во душата на неговиот албански народ, па троверен каков што беше, католички, православен и муслимански, можеше да страда и од тројна болка, ако му се наметнеше новото јаничарско-сталинистичко преобраќање. Бог да чува од полошо!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Крајна цел ви беше троконфесионалната судбина на албанскиот народ да ја укинете и да наложите ново месијанство...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На А.А., велеше Х.Х., Партијата му оставила поголеми права и како директор на Атеистичкиот музеј, поставувајќи го во првите линии во борбата против религијата и Бога, за да има најголемо маневарско поле во откривањето на најкусите патишта како да се отстрани религијата од душите на троверниот албански народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но сепак, ако читањето е субјективно, а сказот креација на јазикот, историјата (преттекст на сказот) се вкоренува во тоа што било живеано, траело близу педесетина години од страна на албанскиот народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Охрабрен, продолжив: - Верската толеранција на албанскиот народ со три конфесии не била мала во тешките времиња.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И пред неколку стотини години албанскиот народ живееше со трите религии без верски војни и судири, со меѓусебно почитување и разбирање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат негови делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ни беше на крајот нагласено дека ќе ја видиме татковината тотално ослободена од трите бога, трите конфесии на албанскиот народ...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зарем заборавате дека Сталин беше големиот заштитник на нашиот насилно изолиран албански народ, кога сите нè напуштија, сакаа да нè докусурат по балканските и светските војни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа се случуваше на најизразит начин со албанскиот народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
По неговиот пораз албанскиот народ се преполови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овде системот на жртвување се пренесуваше со незамислива жестина и врз идентитетот на албанскиот народ, обележан од трите конфесии.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не случајно е поставен на ова клучно место, на пресудната барикада во борбата за преобразба и создавање на новиот човек на комунизмот, во единствениот „дијалектички процес“, својствен само на албанскиот народ, во конечното искоренување на троверството, во дефинитивната сталинско - комунистичка преобразба на масите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)