албански (прид.) - страна (имн.)

XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа како да беше жртвуваното чедо на битолскиот валија Исмаил, пред неговото заминување во Турција со многубројното семејство, оставена да биде втора жена на мојот дедо вдовец во Подградец, гратче на албанската страна на брегот на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во надежните времиња, веднаш по војната до 1948 година кога цветаше и свена неочекувано комунистичкото братство помеѓу Албанија и Југославија, започна да се гради оваа пруга од албанската страна, од крајморскиот Драч, до Поградец и албанско – југословенската граница, со надеж дека од другата страна на границата, од Југославија ќе пристигне новата пруга во пресрет. Таа никогаш не стигна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Додека војската се повлекуваше со молчење од положаите, од албанската страна сè уште ќе се чуеше по некој пукот како знак дека и тие си одат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)