американски (прид.) - аналитичар (имн.)

На крајот од истражувањето и анализите, американските аналитичари ќе истакнат дека "една работа е јасна: идејата на федерализам има многу поголема поддршка отколку идејата за централизам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според увидот на американските аналитичари, "апологетите на федерализмот се залагаат за формирање бројни автономни единици во рамките на Југославија", прифаќајќи го "принципот на националните разлики како критериум за утврдување на државните граници".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тој "критериум не е прифатлив за провинциите (како што се Босна, Херцеговина и Македонија) кои се населени со хетерогено население" и дека "сите апологети на федерализмот се подготвени да прифатат арбитражна солуција за овој проблем, било со поделба на посебни делови или додавање на региони кои се населени со доминантно српско население на Србија и хрватски региони на Хрватска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Фијаското на пансрбизмот во егзил го принуди Михаиловиќ да изјави дека ја прифаќа идејата за југословенски федерализам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)