Со Ирина, московска пријателка, сега американски граѓанин, зборував руски, повикувајќи ги заедничките, дамнешни московски спомени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Несфатлива му е на американскиот граѓанин таа градежна израслина, сосила преземена од медитеранските приказни за Монтеки и Капулети.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Не е тоа оттаму што американскиот граѓанин не е сеирџија. Ма, скраја да е!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Па на секој човек му бара душата да ѕирне отаде: Македонците ѕиркаат преку жива ограда, Германците преку дрвени тараби, Кинезите преку Кинескиот ѕид, а американскиот граѓанин си го гледа сеирот ѕиркајќи преку она што го нарекува "порч".
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)