Подискутабилна е Bloom- овата предложена терапија, што меѓу другото опфаќа читање на “класици” и слушање “класична” музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тука можеме да се согласиме со Pascal Bruckner, којшто аргументирано (со набројување на големи историски грозотии, направени под маска на висока култивираност) го застапува мислењето дека врската меѓу културата и моралот никако не е сама по себе разбирлива, дека е илузорно развојот Margina #32-33 [1996] | okno.mk 101 на слободата да се условува со образованието и дека на пример читањето романи сѐ уште не нѐ прави потолерантни. 1 Finkielkraut спаѓа меѓу оние критичари на популарната култура (и како што му прилега на еден филозоф, критичар на духот на времето, воопшто), што нѐ восхитуваат со блескав, изострен стил и богата ерудиција (треба да се признае дека во тој поглед противниците на популарната култура честопати ги надминуваат поборниците), но и покрај тоа не можат сосема да нѐ убедат со своите судови. Finkielkraut се обраќа токму на оние што за мизерната состојба на современата културна, политичка и општествена сцена не наоѓаат убави зборови и при тоа никогаш не забораваат да го наведат единствениот виновник: популарната култура во сите појавни облици (би можеле да речеме дека тука се среќаваме со своевидна форма на нетолеранција!).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Американскиот професор по медиска екологија Neil Postman во познатата книга Amusing Ourselves to Deth (1985) загрижено говори за сѐ почестите обиди конечно и во образованието да воведат малку „аудиовизуелен нихилизам“, постмодерност, „прилагодување во корист на адолесцентските склоности“ (Finkielkraut).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи се работи за автори што инаку по многу работи се разликуваат, дотолку поинтересно е како се сепак слични по интелектуалниот очај и пристрасниот презир кон популарната култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Првиот извадок е земен од прочуената ултраконзервативна хит-книга The Closing of the American Mind (1987), на сега веќе покојниот американски професор Allan Bloom.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Другиот цитат е од книгата Пораз на мислењето (1987), чијшто автор е и кај нас познатиот француски публицист и филозоф Allan Finkielkraut.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Еве неколку примери од перото на Џил Хенри, американски професор по антропологија и социологија, а од неговата студија за американскиот школски систем: Советничката влегува во училницата на петто одделение.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)