Познатиот американски филозоф и психолог Вилијам Џејмс 1882 година за азотниот оксидул го запиша следното: “Кај мене, како и кај секоја друга личност со која имав прилика да разговарам, основниот тон на доживувањето е страотно изразеното чувство на силни, метафизички илуминации.”
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овие реакции можат да се толкуваат и како она што американскиот филозоф Ричард Рорти го нарекува „постапна” (edifying) процедура на стекнување сознанија.6 Ова е процедура којашто подразбира недоверливост спрема тврдењата дека некој секогаш е во право, недоверливост спрема универзалната логика, процедура што е отворена за релативизмот и скептицизмот, која е ситуационистичка и субјективна, и којашто константно ги преиспитува и сопствените премиси.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)