американски (прид.) - хомосексуалец (имн.)

Но, извесно чувство на меѓусебно признавање, на заедничност и – ако смее да се каже – на идентитет, сепак, опстојува и покрај многуте пукнатини и напади што го поткопуваат.84 Самото внимание со кое квир-теоријата штедро ги опсипува различноста, вкрстеноста и споредливоста најпосле го затрупало прашањето како бидувањето геј, од голем дел од американските хомосексуалци во текот на минатиот век и нешто, се искусува низ мошне шематизирани облици на овоплотена чувствителност – токму кога во своите обиди да се оттргнат од „стереотипите“ и од „етикетите“ геј-мажите по правило се склони да ги отфрлаат тие обрасци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)