И кога животот сакаше многу години подоцна во Македонија, која стана наша нова татковина, предодредени пред тоа да ги следиме емигрантските процесии на пребегнатите албански емигранти во Југославија, на конечен пат кон вообичаените дестинации кон Америка, Австралија или Нов Зеланд, минувајќи пред тоа неколку месеци во неколку европски емигрантски прифатни центри, да станам нејзин амбасадор, првин, предложен од Социјалистичка Република Македонија во рамките на тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Република Тунис, акредитиран во Арапската лига, како и како прв амбасадор во државата Палестина, на чело со Јасер Арафат, која само земјата што ја претставував ја признаваше како независна држава (во периодот од пролетта 1985 до есента 1989 година), а потоа и како прв амбасадор на новата независна Република Македонија во Република Франција, при УНЕСКО во Париз, акредитиран во Мадрид при Кралството Шпанија и во Лисабон, во Република Португалија, Татко беше одамна исчезнат, (на 29 февруари 1979) а јас имав чувство дека го продолжувам неговиот неизвесен дипломатски пат на Балканот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Судбината сакаше синот-наратор да се најде во позиција на амбасадор на Југославија (до нејзиниот распад од половината на 80-те и почетокот 90-те години на XX век, пред братоубиствените војни, невидени во Европа по фашизмот) во Тунис, при Арапската лига и државата Палестина) и на новата Република Македонија (до крајот на XX век) во Франција, при УНЕСКО, во Шпанија и во Португалија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Макар што Тунижанинот Шадли Клиби беше формално претседател на Арапската лига, Лакхдар Брахими го сметаа за мозокот (la ttе pensante) на оваа меѓународна организација на арапските земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Минаа повеќе години од првата средба со амбасадорот Лакхдар Брахими во Арапската Лига. Завршија нашите мисии во Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потребата од другиот, со другиот, не е само биолошка, туку и духовна претпоставка во човековиот опстанок...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше незаобиколна личност во Тунис, земјата која неочекувано доби силно меѓународно политичко значење во регионот, особено поради палестинското присуство и присуството на Арапската лига.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така беше сѐ до времето кога во Тунис се вселија Арафат и Арапската лига, откако Египет го призна Израел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)