И можеби затоа внатрешниот живот на балканските населби е обележан од ориенталниот урбанизам, чии траги остануваат дури до втората половина на XX век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој ги изненади своите посетители со низа архитектонски решенија на објектите, кои на градот му даваат нова физиономија, која успешно се вклопува со старото и убавото на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А кој човек може да си наметне ваква самодисциплина, кога секој трча да види сè што е ново: општата глетка на најмодернистичките архитектонски решенија на павилјоните, тоа што во нив е прикажано, спутникот во советскиот павилјон, електронскиот мозок во американскиот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Поаѓајќи од фактот дека Турците стигнуваат на Полуостровот пред развитокот на градовите, нивното влијание ќе биде посебно означено во главните архитектонски решенија на балканските градови и другите аспекти на градскиот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)