Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Требаше навистина да се заслужи играњето покер со старите балкански џентлмени.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На сите им беше јасно дека ова ќе биде првата и последна игра покер на газдата на арабаџиите со балканските џентлмени.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А на брзо збогатените далаверџии во подземјето на градот како да им недостигаше уште играта со старите и достоинствени балкански џентлмени, па да бидат со сите токму, признати во чаршијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)