Во тоа време (крајот    на осумдесеттите и почеток на деведесеттите) Благоевиќ беше еден од најлуцидните и    најжестоки опоненти на тогаш доминантниот националистички дискурс, но неговите    тогашни есеи (неодамна објавени во книга во издание на Радио Б92, од каде што    Маргина пренесува одредени делови) и денес поседуваат сила, релевантност и ум, за    некои нови следни генерации на овие тажни јужнословенски простори „заглавени” во    биологистичкото аисториско начело (за коешто пишува Благоевиќ) да не ги повторуваат    безбројните грешки на нашите конзервативни и патријархални „херои и татковци”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)