безизлезен (прид.) - лавиринт (имн.)

76. СОФРА.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Безизлезниот лавиринт е сочинет од сокаци и ќор-сокаци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Временската линија на традиционалното пишување овде исчезнува во простор сличен на природниот, или во безизлезен лавиринт со почетоци, средини и краеви кои што веќе не се дел на моментно (непосредно) излагање. 70 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сликата на стапица која изгледа како безизлезен лавиринт во кој нараторот пос­тоја­но се губи, како да ја придружува судбината на Чанга, од Времето на козите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Преовладува сликата на стапицата во облик на безизлезен лавиринт, во кој нараторот постепено се губи придружувајќи се на црната судбина на Чанга од романот Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сликата на безизлезниот лавиринт во кој исчезнува козарот со козите е јасен амблем на жестоката судбина на земјата под владеењето на интегризмот на сталинистичкиот комунизам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако биде и тоа можно, ќе се најдат јагулите во безизлезен лавиринт, како што ќе бидат и луѓето во земјите со затворени граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)