бел (прид.) - фустан (имн.)

Бел фустан те задомува меѓу куповите сено грбот ти е покриен со крило на пеперуга -
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Фрли му го тој бел фустан на ветерот раздразнувач залажи го тоа маѓосливо омајниче што севезден ме лаже и остани, о остани во летнава жега летна сејачка, задомување.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цињка се стрчува и кога пречекори праг, забележа дека покрај неа ја нема високата и стројна самовила облечена во бел фустан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тивки и месечеви ноќи, во времето на жетвата, луѓето ја гледаат неа во развеан бел фустан, со спуштени коси до рамената и со очи што блескаат како ламби.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во бел фустан со вез на гради кон царството твое итам, сакам блудница да бидам и ...и вечно да скитам!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вагабундова влегува како скоклива топка: многу е возрасна, облечена во бел фустан со тантели, исто така бело ладало, коса бојосана во боја на кајсија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ете така. (Се загледува во друг портрет.) А мадам Вагабундова е многу задоволна, затоа што ја сликам во бел фустан на шпански фон, а не сфаќа колку е тоа страшна тантелена гротеска...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од тој момент кога нејзиниот избраник се појавил во апостолки и без веренички прстен нашата мајка цел живот копнееше по бел фустан и ја замислуваше нејзината свадба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тренко секогаш и велеше дека бурмата не е круна на љубовта, туку само симбол.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Погледнува, значи кон морето, а таму во бело кајче, облечена во бел фустан од тантела, со парасол над главата и децата покрај неа, облечени во машка и женска матроски облекла, нежно насмевната му мавта Гита.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој влегува во водата и оди кон нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од сите до лудило ја сакавме: Терзии, браќа, терзии, Ај, сошијте ми бел фустан, Без ножици да го скроите, Без конец да го наберете... Ја почнуваше Донка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја сонуваше како таа пак го чека во полето облечена во истиот оној бел фустан што блескоти на сонцето и му мафта со раката, го вика; тој трча кон неа, прескокнува ендеци, меѓи, грмушки, се пробива низ високите жита, но никако да стаса до неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во таа шарба од зелени нијанси се оцртуваше само една женска прилика во бел фустан и се чинеше како сето тоа да е едно големо сликарско платно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сонуваше како одат на венчавање: таа облечена во истиот тој бел фустан, со бело венче на главата, а тој во црн костум - во костумот од татко му што го облекуваше само на свечености или кога ќе заминеше на некој научен собир; алиштата му се поголеми, а шеширот му паѓа на очи па постојано го поткрева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)