Зошто да го комплицираме животот, ако ти недостасува некој јави му се, кажи му дека денот со него ти е поубав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сетете се на искрите, моментите, сликите, спомените што ве обземаа со радост, сетете се на некои топли очи полни надеж, на некои меки усни полни разбирање, сетете се на едни прегратки кои ве чуваа цврсто до себе, на едно срце кое ве сака до небо и чека да се вратите за да ви ја покаже љубовта, таа бескрајна вселена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Често, така сам и очаен, ја молеше смртта да дојде по него, а таа го заобиколуваше, оставајќи го и натаму да биде единствениот бесмртен човек во бескрајната вселена.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)