бетонски (прид.) - блок (имн.)

Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Воспоставувањето рамнотежа со природната околина е многу важно затоа што со градењето на бетонски блокови за живеење и разни други градби, таа е крајно соголена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Френк зеде еден бетонски блок од купот, што беше по работ на ендекот, и беше готов да се наведне повторно, но тогаш го забележа присуството на Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
32 Прв дел Спорови за непарични побарувања Страницата намерно е оставена празна А Спорови против јавни субјекти Страницата намерно е оставена празна Н. Н. против Водостопанство Вардар Спор за незаконит престанок на работен однос + за неисплатени плати и придонеси1 Error qui non resistitur, approbatur Грешките против кои не се бориме – ги одобруваме!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука завршува корзото. Натаму купишта земја, искршени бетонски блокови, понастрана градежна механизација.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Работникот Н. Н. од Скопје (сега 58-годишен) беше вработен на неопределено време во ОП „Водостопанство Вардар“ – Скопје, кое се занимава со производство бетонски блокови, вадење и дистрибуција на песок, нискоградба, улици и патишта, како и одржување на системи за наводнување и одводнување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ноќе во New York можат да се сретнат осаменици во спортска облека како застанувајќи покрај огради, скали, бетонски блокови, не обѕирајќи се на ништо и никого, ги истегнуваат своите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)