А предизвикувањето на Бога доаѓа само од благородна душа и ја надминува немата и безрезервна восхит пред божјите творби.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дојдена беше да нѐ исправи на нозе, да ни помогне, да нè израсне, моравме да ја запаметите по добро иако не ни беше ни мајка, ни тетка, ни подалечна ни поблиска роднина, беше жена со благородна душа, со златни раце, со волшебно срце.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Широка и благородна душа, Чанга прв им помагаше на гладните и бедните во градот: носеше млеко, храна, на најбедните беше готов да им подари козле од новата рожба на неговите кози. А тие беа плодни, преплодни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И сите можни балкански противречности, разликите од верски, од етнички и од друг карактер, кои кај други и наоколу можеа да предизвикаат раздор, судири, омраза, нетрпеливост, на нејзиното спокојно и мирно лице, особено во нејзината благородна душа, се помируваа, се смируваа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нарочно ако се сретне благородна душа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)