Било решено: со учество на Мечето и на членови на Кружокот, Велешкиот револуционерен комитет да киднапира едно дете- ученик на богатото семејство Весови - за добивање на откуп.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Родена е во угледно и богато семејство, од мајка Фламанка со благородничко потекло, и татко Французин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше тоа време на промени: дедо умре и неговата продавница им припадна на нашите родители; мама веќе не рибаше подови кај богатите семејства туку му помагаше на татко во продавницата; се преселивме во поголем стан на улицата Кајзер Јозеф.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа година посакав да научам да сликам. Долго време си бевме туѓи со Зигмунд, и со таа моја желба одново започна нашата блискост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Автор е на романите Мемоарите на Хадријан (1951) и Црна мена (1968), на збирката раскази Ориентални приказни (1938), поетската проза Огнови (1936), на подолгите прози (мал роман) Смртен удар (1939) и Ана, сестра.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)