313 За резултатите од преговорите британската воена мисија Bethesda не известила, бидејќи по формирањето на југословенската влада во март 1945 година и по пристигнувањето на првиот британски амбасадор во Југославија во средината на 1945 година во Македонија бил отворен конзулат314 со што престанала работата на британските воени мисии и информациите пристигнувале по дипломатска пошта.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во потврда на тоа била и телеграмата на британскиот амбасадор при југословенскиот двор Ралф Стивенсон кој во телеграмата од Ф.О. од 25 декември нагласил дека “партизаните ќе бидат господари на Југославија...
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сето тоа траело сé до формирањето на југословенската влада во март 1945 година и пристигнувањето на првиот британски амбасадор во ДФ Југославија во средината на 1945 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
363 На 2 декември 1944 година во Министерството за надворешни работи свое видување на ситуацијата испратил и британскиот амбасадор во Грција Липер.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во таа смисла тие сметале дека при работата со "македонските (терористички?) групи има ризик дека тие може да работат против Југославија и Грција", но во однос на протогеровистите сметале дека тие се веројатно "повеќе или помалку се загрижени за германските закани на бугарската независност отколку со македонските аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Можниот југословенско-бугарски договор за федерација отворал нови простори за акција на Југославија и Бугарија во тој правец.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, Министерството побарало од британскиот амбасадор во СССР, Арчибалд Кер, да стапи во контакт со Советската влада и да се информира за советскиот став по тоа прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 13 јануари 1941 година Секцијата за Балканот при СОЕ го известила британскиот амбасадор во Бугарија, Рендел, дека Британците настојувале да воспостават контакт и со протогеровистичките елементи во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
260 Големиот број информации кои пристигнувале во Форин офис од британскиот амбасадор во СССР и од политичкиот претставник во Софија укажувале на преземените активности во Југославија и во Бугарија, Балканот да им се препушти на балканските народи, да се напушти меѓународното ривалство на Балканот и да се отстрани мешањето на големите сили во работите на Балканот и укажувањата дека Бугарија е на пат да влезе во федерација со Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сосема отворено побарал Советската влада да се изјасни во однос на идејата за „Голема Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
272 Како прв чекор во остварувањето на таа идеја бил потпишаниот договор за унија помеѓу Југословенската и Грчката влада во емиграција во 1942-та, како база за поширока балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
273 На 15 декември 1944 О. Сарџент го запознал британскиот амбасадор во Москва, Кларк Кер, „со нивната намера да се запознае Советскиот Сојуз со нивниот став во однос на македонското прашање“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На неа присуствувале претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт во присуство на министрите за надворешни работи. 141 На 9 март Форин офис го известил британскиот амбасадор во САД , Халифакс, за задоволството што го предизвикала во британските политички кругови информацијата за ставот на САД во однос на југословенско-бугарскиот сојуз. 146 Британците биле сосема свесни за „традиционалната“ заинтересираност на Србија и Бугарија за Солун и дотогашното одржување на статус кво „поради нивните спротивставени интереси кон него“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во меѓувреме, Британците примиле итна телеграма од Бејли во која се нагласувало "дека за успехот на мисијата на мајорот Тејлор би требало да се искористат Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британскиот амбасадор во СССР, Кер, постапувајќи по директивата на своето Министерство, на 13 март испратил писмо до министерот за надворешни работи на СССР, Молотов, при што уште еднаш го запознал со британските ставови за југословенско-бугарската федерација и го изнел задоволството од советските убедувања за нејзината неактуелност, но ја предочил британската вознемиреност поради советското одобрување на преговорите меѓу Југославија и Бугарија за постигнување договор за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кер изразил сомневање во можноста да се добие искрен одговор од Советите, но бил категоричен тоа да се направи поради фактот што „општата ситуација во Македонија се влошила на таков начин што целосно е на штета на нашата позиција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Едновремено му сугерирале да побара од СССР да останат доследни во ветувањето дадено на Конференцијата на Јалта за испраќање заедничко обраќање на тројцата големи до Бугарската влада во однос на преговорите за југословенско-бугарска федерација, оти во спротивно самите ќе бидат принудени да испратат информација до Владата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)