британски (прид.) - клон (имн.)

Но тоа била погрешна информација бидејќи на територијата на Македонија четничкото движење немало голема потпора кај македонското население, бидејќи поголемиот дел од Србите кои се наоѓале на служба во Македонија заминале или биле протерани од бугарските окупатори непосредно по окупацијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неуспехот се должел главно на погрешните информации што биле доставени до британскиот клон на СОЕ во Каиро, имено, дека четничкото движење има голема потпора на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа завршил неуспешно обидот на британскиот клон на СОЕ во Каиро да испрати воена мисија на територијата на Македонија кај емисарот на четничкиот генерал Дража Михајловиќ кој во овој период имал целосна поддршка од британската влада и од југословенската влада во емиграција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)