британски (прид.) - премиер (имн.)

Поради тоа британскиот премиер Винстон Черчил побарал од Министерството за надворешни работи да се направи комплетен извештај за Македонија, а од СОЕ побарал да испрати свои членови и на самото место да се запознаат со ситуацијата во Македонија.82 Несомнено дека причината поради која Черчил толку многу се заинтересирал за она што се случува во Македонија лежела пред сé во можноста македонското прашање да му ги поремети неговите дотогашни планови за повоеното уредување на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поаѓајќи од интересот за зачувување на позициите на монархијата во Југославија британскиот премиер кон крајот на декември 1943 година во ВШ на НОВ и ПОЈ го упати својот син Рандолф Черчил со задача да работи на помирување на спротивставените сили во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа во ситуација кога СССР бил сојузник, а единиците на НОВ и ПОЈ биле потребни за акции против Германците, тоа било неизводливо. 43 Ficroj Maklin, Op. cit., 54-55. 44 Во почетокот на декември британскиот премиер Винстон Черчил го повикал шефот на британската мисија во Југославија Фицрој Маклин за да се информира за состојбата во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сосема е сомнително дали монархијата и понатаму може да се смета како елемент на уредување“. Dusan Plenca, Medunarodni odnosi Jugoslavija u toku drugog svjetskog rata, Institut drustvenih nauka. Odeljenje za istoriske nauke, Beograd, 1962, 227. 45 На 10 декември 1943 година во својата резиденција на Каиро во резговор со кралот Петар II, британскиот премиер му ја нагласил на кралот својата импресионираност од партизанското движење, неговото значење како дел од антихитлеровската коалиција и неговата јачина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
307 Во однос на испратената телеграма од заседанието до Черчил експертите од Форин Офис сугерирале одговорот да биде доставен преку Маклин до Тито од името на британскиот премиер Винстон Черчил со нагласување одговорот “да не оди над она што значи прием и збор на благодарност“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
83 Се однесува на водените разговори за југословенско-бугарската федерација, идеја што била дадена од југословенското раководство во ноември 1944 година, а актот требало да биде потпишан во јануари 1945 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Черчил, во втората половина на 1945 година, ја зацртал британската политика спрема Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Потписниците на протестното писмо истакнале на крајот дека таа акција е насочена да предизивка забуна кај американската јавност, а и да им направи штета на Американците од југословенско потекло кои до тогаш, од своја страна, вложиле многу за воените напори на САД за пораз на силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристигнувањето на Меклин значело коренита промена во британскиот став во однос на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нему му се сугерирало одговорот да биде само „во форма на едноставна потврда за прием“ бидејќи, како што сметале тие, британската помош на НОВ и ПО на Југославија не ја вклучувала и шемата на Тито за создавање автономна Македонија и сметале дека потврдата за прием ќе биде добар сигнал дека политичките цели на Македонците за автономна Македонија не „ја уживаат помошта на Британската влада“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Говорот на британскиот премиер Винстон Черчил предизвикал изненадување и кај американскиот политички врв, кој се прашувал како е можно, преку ноќ, "да поцрвенее еден толку ’закоравен ториевец’" каков што бил Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По упатената поздравна телеграма од заседанието до британскиот премиер В.Черчил, експертите на Форин офис сугерирале одговорот да биде доставен преку Меклин до Тито од името на Черчил, со нагласување во одговорот „да не оди над она што значи прием и збор за благодарност“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, во сите тие планови "висело" прашањето за помошта што би можела да им ја испрати Велика Британија на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бидејќи во тој момент британскиот премиер Винстон Черчил се наоѓал во Италија, на 20 август 1944 година, Форин офис упатил телеграма до министерот- резидент на Централниот Медитеран во Казерта, Макмилан, во која му се давале инструкции како да постапи доколку Черчил реши да одговори на телеграмата од АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Велика Британија доследно се придржувала кон оваа политика сè до март 1947 година, кога "одговорноста" за Грција ја презеле САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во упатената поздравна телеграма од заседанието до британскиот премиер В.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неуспехот да воспостават контакт со четничкиот штаб во Поречито, а тоа до средината на 1943 година било во рамките на официјалната британските политика за помагање на четниците на Дража Михаиловиќ и игнорирање на единиците на НОВ и ПО на Македонија, од септември 1943 година настапила промена на таа политика, главно поради пристигнувањето во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на британскиот офицер, бригадирот Фицрој Меклин, личен пријател на британскиот премиер Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А „еволуцијата на министерот (се однесува на британскиот премиер Винстон Черчил, б.м.) за успесите на маршал Тито во оваа војна се изненадувачки, а многу посматрачи во оваа земја веруваат дека тој ги претставува во многу порозова слика од онаа што навистина егзистира, иако нашите информации за вистинската ситуација... се неодредени“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Врз основа на таквата реалност во врска со состојбите во Југославија, британскиот премиер В.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По извршените анализи, британскиот политички врв оценил дека во однос на Македонија треба да се внимава пред сè да не се дозволи остварување на идејата за јужнословенска федерација и посебно да не се реализира идејата за формирање самостојна и обединета Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради брзиот развој на настаните, информациите што пристигнувале од теренот и секојдневните анализи на британските аналитичари и експерти го принудиле британскиот премиер Винстон Черчил да заземе став дека е потребно позасилено ангажирање на дипломатските и разузнавачките служби, со што би можела да се реализира замислата за формирање балкански блок од Турција, Југославија и Грција, а по можност да се настојува и да се убеди кон нив да пристапи и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе што на 23 април 1941 година капитулирала и Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тргнувајќи од таа реалност, Черчил започнал акција за "политички компромис" со раководството на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Врз основа на таа реалност, во врска со состојбите во Југославија, британскиот премиер В. Черчил, во втората половина на 1945 година, зацртал дека британската политика спрема Југославија требало да се одвива во правец на нејзиното „одвојување“ од Југославија, а да се „држи цврсто“ во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Черчил, експертите на Форин офис сугерирале, исто како и за време на Првото заседание на АСНОМ, одговорот да биде доставен преку Меклин до Тито од името на Черчил, со нагласување одговорот "да не оди над она што значи прием и збор за благодарност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, реалноста на теренот, успесите на НОВ и ПО во Македонија во борбите против нацифашистичките окупатори не можеле да го остават рамнодушен британскиот премиер Винстон Черчил, кој од своите разузнавачки служби побарал да се пристапи кон анализа на она што се случувало во Македонија и да се испита можноста за испраќање агенти на СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, печатот сметал дека искажаните пофалби во полза на Народноослободителното движење и на Тито од страна на британскиот премиер би можеле да бидат вовед во преземањето мерки за реорганизација на Југословенската влада, за да се овозможи создавање обединет фронт меѓу "владата на кралот Петар ИИ, со онаа на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Согледувајќи го развојот на настаните во Југославија, на британскиот премиер Винстон Черчил, веднаш по Техеранската конференција, му станало сосема јасно дека НОВ и ПО на Југославија ќе бидат решавачкиот фактор во повоеното уредување на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во една таква состојба, британскиот премиер В. Черчил, перфиден политичар и стратег, сосема реално ги оценил своите можности наспрема советскиот рејтинг во Југославија и во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со окупацијата и поделбата на Кралството Југославија, ѝ бил ставен крај на идејата заговарана од британскиот премиер Винстон Черчил на Балканот да се формира балкански фронт, кој би им се противставил на силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Промената кај Черчил настапила по заминувањето на Тито од островот Вис, по што Черчил престанал да му "верува на Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Луис Адамиќ, по повод говорот на Черчил, на ручекот на Редакцијата на весникот „Њујорк Хералд трибјун“, одржан на 7 март 1944 година, апелирал до американските новинари и до политичката јавност да ѝ се погледне еднаш на вистината в очи, бидејќи и самиот тој, како Американец, повеќе бил загрижен за Америка што нема доволно сили за да престане да „игра на картата на европската реакција“ и што Американците „не се веќе далековиди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)