Неколку дена по безизлезното прифаќање на неговите хирови и помирувањето дека со ваков човек треба да си го поминам остатокот од животот (личен став што не можеше да најде свое логично оправдување, но секогаш беше присутен), тој имаше смелост да ја избегне средбата предвидена за нашите вообичаено убави неделни прошетки низ паркот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Секако, ваков човек заслужува доволна парична исплата и награда со чин и со ордени.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Им ја стисна раката во знак на сочувство, утеха и восхит: - Не сум видел досега ваков човек кој така спокојно ѝ приоѓа на смртта...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
– „Хаа, не сум Охридско Поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе нема со олку долзи носеви и олку високи во нозете; овие луѓе не се асли како нас, си велел сам со себе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Штета што си отиде ваков човек, уомо дел мондо...* Штета што ваков дух ќе гние...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)