валкан (прид.) - чизма (имн.)

- Земи лопата и копај тука за да истече водата – тој покажа со валканата чизма. Рововите полни вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само недостасуваше да ги крене врз прекривката и валканите чизми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се искашла со валканата чизма јa згмечи цигарата и рече: - Ние денес до пладне ќе бидеме заедно и заедно ќе учиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тој, во валкани чизми, со левата нога малку свиткана, со десната рака зафрлена зад колкот на кој му виси пиштолот, потпрен на стап, стегнат во половината со широк појас и со два ремена препашани крстум на градите, таму, од бината, не гледа онака намуртено, под мустакот, и како да ни вели: “Бидете мирни, пезевенци, и слушајте ја Маријанти”...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По еден час дојде маж со валкани чизми, облечен во офицерска униформа, опашан со ремени, на едниот колк пиштол, на другиот кожена чанта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)