ваш (прид.) - живот (имн.)

На тој начин покрај самите себе разнесуете уште некои околу вас кој уствари се најодговорни за срањето кое ви се дешава во вашиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Никаква информација ни за Душко млекарот, ни за инцидентот, ни за Цеца ни за пичке материне нема да го подобри вашиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден од нив е труење со шака апчиња или евентуално со солна киселина и мора да се признае дека овој начин на самоубиство е доста едноставен ама може да биде заебан доколку ви налета некој у меѓувреме и ве однесе на токсикологија па вашиот живот навреме да биде спасен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Препуштајќи му ја на некој знак или настан грижата за вашиот живот, вие од него суптилно ја поткраднувате формата. Извадок од есејот Менување на волјите, од книгата Проѕирноста на злото (La Transparence du Mal, Jean Baudrillard, 1990.) 8 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Веројатно имате право – реков. –Но вистина е дека јас постојано бев со помислата оти нешто ми недостига.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тргнував од впечатокот дека во вашиот живот, во секидневието, а и со оглед на твоите години, за осаменоста и не постоел кој знае каков простор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дајте ми еден пример на настан во вашиот живот на кој таа била сведок и којшто би можел да ѝ помогне да го предвиди ова постигнување. (б) Како таа би ги опишала околностите под кои се случил настанот? (в) Дали таа била свесна за другите кои можеби учествувале во настанот? (г) Што мислите дека би рекла кога би била замолена точно да опише како тоа се случило? (д) Како таа би ги определила вашите цели при остварувањето на ова постигнување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следува еден пример за поставување прашања, образуван според таа структура. (а) Добро, значи вашата тетка Мевис би можела да биде во најдобра позиција да предвиди едно такво постигнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие прашања можат да бидат следени од понатамошни прашања од нивото на акција, и така натаму.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На пример: • Во што би бил променет вашиот живот со тоа потврдување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие подготовки треба да останат засекогаш тајна по цена на нашите и Вашиот живот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На почетната страница од нивниот сајт напишано е: Се надеваме дека до сега не сме ве разочарале, и дека повторно во некоја песна, некој стих, некое зборче или пак тон, ќе пронајдете дел од себе, дел од вашиот живот, затоа што светот во кој што живееме, малку е убав, малку за нигде, ама единствен кој што го познаваме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се гледа дека во вашиот живот сте фрлиле многу повеќе капи отколку што јас имам купено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првото, дали љубовната напивка, вашата љубовна напивка се однесува и на Вас?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Терапевтот ја запрашал Лена, „Кои се значајните настани од вашиот живот кои се поврзани со „Тој всушност не ме познава?“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидете живи и здрави, сакајте се целиот ваш живот и помагајте си еден на друг како досега – и се врати на своето место, седна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Симбол на вашиот живот, господин докторе.“ „Што сакате?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Замислете си“, му рекол Господарот на соништата, „Замислете си, во тој ваш живот на Земјата сè да му беше потчинето на проклетото дишење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да се сетиме на најрадосниот момент во живот, кога доживеавме искрена, длабока среќа Во хистеријата на секојдневието, кога ќе се сопнете на најситното камче сте се запрашале ли: -„Која е вистината за вашиот живот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Замислете го за момент вашиот живот без вашите најблиски, без луѓето за кои живеете, луѓето кои ви ја исполнуваат душата со благосостојба, кои ве мотивираат, кои ве инспирираат, кои се причина за постоењето на вашиот мал космос.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Кои работи во животот ве тераат да застанете и да живеете, а не да трчате кон крајот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вие го имате центарот на вашиот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ја слушнете неговата музика, па тоа се нотите на вашиот живот!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Која ќе биде оската на вашиот свет вие избирате сами.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тие магични моменти е вистината за вашиот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Визуелни и непознати движења низ своите тајни тунели, од таму почнува се и не можете да го изневерите животот мора да му останете верни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас нема да бидам жива целиот ваш живот, - како на шега рече таа и ми го сврти дебелиот бел тил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навистина, мојот цимер се погоди да биде младо момче со слични убедувања и интереси како моите, така што трите дена ги минавме во разговори и без никакви расправии и недоразбирања.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако навистина во вашите книги ги раскажувате вашиот живот на детството и младоста, бездруго тоа треба да претставува и голема среќа што сега ја претставувате вашата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност, не е мој обичај јасно да формулирам едно конструирано гледиште врз непостојани впечатоци како оние кои ми се наложуваат од читањето на вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ваква обединувачка тишина откривате прикажана и во Татковите книги, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знаете ли што сакате да сторите со вашиот живот? (Пауза) Не знаеме што сакаме да бидеме, а одеднаш нешто сме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Препуштајќи ја грижата за вашиот живот на некој знак или настан, вие од него суптилно поткраднувате форма.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)