— Е, така! Јас наумив да правам еден себап на вашиот куќа и ќе правам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гледаш каков чес го прамав јас на вашиот куќа? Јас ќе кандисам и Стевана, и него, и мајка му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така де, деца кои ќе живеат во тие ваши куќи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- И за помали да си исчекате... - Сполајви и во вашата куќа да ви се врати... - одговараа Карчевци на многубројните поздрави и честитки...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Армен Самуелиан ја забележа возбудата на Камилски и веднаш презеде: Чувствувајте се овде како во Ваша библиотека. Како во Ваша куќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Одвај ја најдов вашата куќа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
СТОЈАНКА: И така не сум за тебе, за вашата куќа.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Татко ми е сиромав, самарџија... Најпосле јас имам под ноктите црно, кал... (Задржуваниот плач се пробива со придушено липање.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Е па, ако не сме се загубиле, тогаш зошто ја нема вашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Таму е – ѝ покажав со рака, ама не бев сигурна дали сум во право.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Вчера околу полноќ, онака, веројатно, околу десет и четириесет и пет... а не, ќе ве излажев... околу единаесет и три четврти јас се враќав од кино по вашиот плоштад и, значи, ене онде, неколку чекори од вашата куќа, од другата страна, - знаете, каде што е киоскот, - при светлината на уличната светилка, гледам, - и не можам на очите да си поверувам - стои со цигара в раце Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ај... да ни се ќердосаат. И во ваши куќи...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Значи, ова е вашата куќа. (Гледа наоколу.) Убаво: Со што се бавите вие, господине Андреевиќ?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Вашава куќа е на главната улица и залепена до претставништвото.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Ејди, синко Силјане - му рекле старите - ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; Ние сме живееле на вашата куќа и во вашето поле, да затоа ти знајме сѐ по име од дома, чунки ние се слагаме како од вашата куќа; ние знајме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Знајш, али не знаиш?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ни беше задоволство. – Тој пак погледна на часовникот и, удирајќи со прстот на сказалките, рече: - Утре во ова време – покажа на деветката – ќе ве чекаме таму на раскрсницата, на почетокот на Руга Анастас Дурсаку и заедно ќе ја бараме вашата зграда... вашата куќа...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не ме пресретна патрола. Довеслав до вашата куќа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Утрото, кога Татко ја отворил адвокатската канцеларија, го поканил на утринско кафе, во омиленото кафеанче крај Езерото, семејниот побратим Гури Порадеци. – Не ни се пишува арно! – го започнал разговорот Гури Порадеци откако ги испи првите голтки од кафето. – Ништо ново, побратиме мој! – Ама сега опасноста е надвисната над вашата куќа. – И тоа не е ново, побратиме! – Те накодошиле, од ваша рода, блиски до Италијанците, оти не си сакал да им се придружиш и сега си им на нишан!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Војникот веднаш пресече: „Тогаш зошто врз вашата куќа не се вее италијанско знаме, како кај другите?!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Вашата адреса?“ „Јужен булевар, број единаесет.“ „И во вашата куќа има воздух!
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)