Одвреме-навреме по некој од познаниците ќе се присетеше да му го посети вечното почивалиште. И сите се морничавеа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Молчиме и гледаме на патерицата со која поп Стерјо ни го покажува вечното почивалиште и вели: - Тука лежи Стерјо Сидовски, го носам неговото име – триесет и пет годишен, сирачиња ги оставил – Зисо, Коста, Риса и Тана.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)