виден (прид.) - ритуал (имн.)

Се повторуваше извештачената љубезност, присност, прегратки, како суптилни облици на агресивност и ништо повеќе! Веќе видени ритуали.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)