виенски (прид.) - филхармонија (имн.)

Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секоја Нова година е исто: на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секоја Нова година е исто: ни отпосле не ни е јасно дали го слушаме или го гледаме традиционалниот Новогодишен концерт на традиционалната Виенска филхармонија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ним најтешко им паѓа што ждригањето е забрането и во паузите меѓу два валцера на некој од Штраусовите и што ептен се препознаваат преправањата и вештачкиот занес од музиката и особено од ѕвонот на прапорците што може да се слушне и при јавањето камили, на пример. (Вистина: дали некој од Штраусовите јавал камила?)
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)