Она што врз неа е испишано, на местото каде што ја пресекува визуелната пирамида, е еден „хиероглиф” што непрекинато треба да се одгатнува, чија што смисла зависи од положбата на набљудувачот: „гледачот што прави слика”, набљудувачот кој само ја проектира сопствена позиција кон светот, кон една бескрајна кружност, кружност на погледите едновремено и на набљудувачот и на набљудуваниот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Оттаму маѓепсаноста, кај обајцата, со комплицирани машинерии, наменети за произведување на најнеочекувани ефекти, чудовишта или чуда, машини - треба да се нагласи - кои најчесто се неупотребливи, неефикасни: оптичките машинерии на Leonardo-вата Прва книга за светлоста и сенката и Duchamp-овите стакла За гледање со едно око...; оттаму нападните машинерии од цртежи на бојни коли кај едниот, цртежот Бокс-меч кај другиот, празничните машинерии какви што Leonardo постави по собите на Белведере во Ватикан, исполнувајќи една сала со овчи меури, кои ги надува со помош на мев, според една епизода кај Vasari, „до таа мерка што неговиот помошник морал да се тргне во еден агол”, и какви што Duchamp, ппопречувајќи им го влезот на посетителите на Надреалистичката изложба од 1938 со помош на мрежа од јажиња распнати во сите правци, налик на оние на некоја визуелна пирамида во бунило...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Да застанеме последен пат овде на кружноста на овој „во себе довршен систем” што од погледот прави предмет на погледот, на оваа структурна реверзибилност помеѓу ретината и стаклениот yид која на врвот на визуелната пирамида ги става, без разлика, ту окото на okno.mk | Margina #3 [1994] 21 набљудувачот, ту осветлениот полов орган на посматраната фигура, конечно, на она соучесништво кое набљудувачот го врзува за сликата. Duchamp, се сеќаваме на тоа, препорачуваше еден предмет од својата збирка на неподвижна железна стока - „славина што престанува да капе кога не ја слушаме”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)