Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
(...) Претседателот е наркос, но тој не може директно да се фикса заради својата висока положба. Затоа се фикса преку мене...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ова му го потврди и Ѓорѓија, кој исто така кратко, но снажно му ја опиша Гоцевата висока положба во Организацијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дали беше правилен неговиот избор на оваа висока положба или не, не би можел човек да се заколне, но на дела докажуваше дека ја заслужува.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)