Тука сценаристот (не думам кој беше) прави лик кој кореспондира со најголемиот број од вистинските носители на двете црвени ленти на рамењата во ју-армадата.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Меѓутоа, овие информации кај американскиот политички естаблишмент не предизвикале некое поголемо возбудување бидејќи Балканот, а со тоа и Македонија, биле во сферата на британскиот интерес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Имено, како резултат на постигнатие успеси на НОВ и ПО на Југославија, во сојузничкиот печат било отфрлено дотогашното игнорирање на вистинските носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од ден на ден, аргументирано, на страниците на печатот се изнесувале докази за улогата на Дража Михаиловиќ и на четниците во борбите во Југославија и кои, уште од почетокот на војната, британската, американската и пропагандата на Југословенската влада во емиграција ги наметнувале како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во текот на 1943 година во Западната хемисфера, главно во САД и во Велка Британија, започнале да пристигнуваат информации за вистинските носители на оружениот отпор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај доста скудните информации, во печатот можело да се насети како ќе се одвиваат работите на Балканот и во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се избегнало именувањето на вистинските носители на оружените акции, а тоа биле македонските партизански одреди.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај фактот што во одделни информации сè уште се правеле обиди од страна на Југословенската влада во емиграција оружените судири во Македонија да им се припишат на четниците, вистината за она што се случувало во Македонија и кои биле вистинските носители на отпорот не можела да се прикрие, а посебно имајќи ги предвид информациите од радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тие информации се известувало и за соработката на единиците на НОВ и ПО на Македонија со единциите на ЕЛАС на територијата на Егејска Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)