вистински (прид.) - проблем (имн.)

Единствен услов е тие да бидат потребни во било која смисла, но и да поседуваат одредена „туѓинскост”, која ја поседуваат во онаа мера во која одговараат на вистинските проблеми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На радникот кој три месеца не земал плата најлесно е да му понудите две сапуници, три реални шоуа и некој дебилен квиз со кој ќе го шашардисате па нема да мисли на вистинските проблеми и петте неплатени сметки за струја.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И штом, во нашево хомофобично и сексофобично општество, е секогаш лесно да се нападне геј-сексот, а е мошне тешко да се брани, изгледа не вреди да ѝ се купува угледност на машката геј-култура со нејзино спасување од неугледната вклученост во машка геј-сексуалност, како што се мачи да направи Лари Крамер (кого Фелоус го цитира двапати): „Сигурно во геј-културата има повеќе од само курови“, вели Крамер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за критичарите и за толкувачите е спротивното: да се открие што е она во поголемиот дел од машката геј-култура – зачувувањето на историски артефакти, да се послужиме со примерот што само ни е најмногу на дофат, или култот кон Џоан Крафорд – што би можело да има некаква врска со куровите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Вистинска гордост ќе имаме само кога ќе бараме признание на култура што не е само сексуална“ (небаре култура што е само сексуална би била сосема срамна работа – или, барем, небаре тоа би било нешто со што не би се гордеело ниедно пристојно човечко суштество).361 Но, вистинскиот проблем не е што машката геј-култура веројатно ќе се сведе на ништо повеќе од само курови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинскиот проблем, како што мене ми изгледаше е - тие не можат да комуницираат!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако сигурно е точно, како што вели Фелоус, дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, не мора нужно да заклучиме дека геј-културата во голема мера произлегува од женствената родова ориентација и од инаку „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“, како што и тој тврди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука почнуваат и вистинските проблеми.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Корпумпираните министерства во кои Албанците, а и Македонците, треба да ги поткупат службениците за да ги добијат потребните документи се вистинскиот проблем, а не тоа дека некој не може да го користи својот мајчин јазик“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)