Старецот конечно го совладува сонот и мракот, кој по толкуте живописни слики што му издефилираа пред внатрешниот поглед, сега го прекрива смирувачката темна завеса која го спречува да го види натамошниот след на историските настани: римското разорување и на вториот Храм во 70-та година од новата ера, паѓањето на тврдината Бетар, последното упориште на Бар Кохба во борбата против Рим пљачкосувањето на Ерусалим, однесувањето и дефинитивното исчезнување на светата Арка на Заветот од новите, не и последните завојувачи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Низ замаглен поглед, Кети го виде внатрешниот поглед на Милановите очи, со ова и со тонот на неговиот глас, неговите мисли комуницираа со неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Неговите очи, додека ја пребаруваа земјата, сè уште го имаа оној внатрешен поглед кој на Кети ѝ откри многу повеќе за она за што размислуваше тој, отколку неговите зборови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)