На страница 533 пишува дека на просторот од раскрсницата пред селото Р`би до мостот на Пероо - Кулата, должина 5 и ширина 2 километри, на 13 и 14 август 1949 година грчкото воено воздухопловство фрли 34 бомби тешки 250 килограми, 530 бомби тешки 125 килограми, 1.900 бомби тешки 10 килограми, 70 напалм бомби, 620 ракети, 26.000 гранати од 20 мм, 43.000 митралески куршуми од 12,7 и 7,7 мм.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А во книгата „Антибандитската борба 1945-1949“ генералот Зафиропулос на страница 620 за грчкото воено воздухопловство ја напиша оваа пофалба: « Η φιλια Αεροπορια απο της εω ενεσπειρε τον τρομον και την καταστροφην εις την περιοχην του Λαιμου. »4 ***
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
ВМРО - Внатрешна македнска револуционерна организација ВШ - Врховен штаб ГШ - Главен штаб КПЈ - Комунистичка партија на Југославија ККЕ - Комунистичка партија на Грција КПГ - Коминиситчка партија на Грција КПМ - Коминистичка партиа на Македонија ЛМГ - (Light Machine Gun) лесна автоматска пушка МГ - (Machine Gun) автоматска пушка МНОБ - Македонска народноослободителна бригада МНОД - Мкедонска народноослободителна дивизија НКОЈ - Национален комитет на ослободување на Југославија НОВ - Народноослободителна војска НОВЈ - Народноослободителна војска на Југославија НОМСМ - Народноослободителен младински сојуз на Македонија НОПО - Народноослободителен партизански одред НОУБ - Народноослободителна ударна бригада ОЗНА - Одделение за заштита на народот ПО - Партизански одреди ПОЈ - Партизнски одреди на Југославија ПОМ - Партизански одреди на Македонија РАФ - (Royal Air Force) Кралско воено воздухопловство СНОВ - Славјано македонска ослободителна војска СНОФ - Славјаномакедонска ослободителен фронт СОЕ - (Special Operation Executive) Управа за специјални операции СОС - (Save our souls) Спасите ги нашите души СССР - Сојуз на Социјалитичките Советски Републики FORCE 133 (Под Stawell) - Во нејзина надлежност спаѓале активностите во Грција, Бугарија, Романија, Турција и Блискиот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Секоја цел, на пример мост, надвозник, или железнички чвор, која непријателот цврсто ја држел и која партизаните не можеле да ја нападнат била доверена на Кралското воено воздухопловство или на тешките бомбардери на американското воено воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)