Со измешано чувство на згрозување и болка ги следеше известијата за поткажаните и усмртени јатаци на Организацијата, за бегствата и упадите на вооружени чети, за закланите колонисти и затрените македонски села.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како идејни предводници на овие чети биле Тодор Александров и Александар Протогеров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И не се запираше само на претскажувањето; вооружени чети, по заповед на Организацијата и селските началства, ги напаѓаа, ги ограбуваа и ги палеа чифлизите, а стопаните ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По Обзнаната се зголемила активноста на ВМРО чии вооружени чети влегувале во Македонија од Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)