врвен (прид.) - интелектуалец (имн.)

Сведена е на односот на двајца врвни интелектуалци, од две различни конфесии (што е типично за Балканот) кои поседуваат огромни библиотеки, во кои се крие клучот на историската проклетија на полуостровот од мед и крв: неговите народи да живеат едни крај други, а во вавилонски клуч да не се разбираат едни со други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најголемиот дел од овој роман, всушност е дијалог, и тоа во Платоновата смисла на зборот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
“Дудук,” рече Ризо, “во присуство си на три врвни интелектуалци во армијата.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во бродот Галеб Тито бараше патишта во светот на неврзаните за да ја зајакне на надворешен план Југославија, но се обидуваше и на внатрешен план да ги разрешува, помирува противречностите, преку одбраните умови и интелектуалци на антагонизираните народи (посебно Србите и Хрватите), преку врвни интелектуалци, политичари, писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во пловидбите на Титовиот Галеб се дополнуваше југословенската историја на која Тито даваше посебен тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)