Црвени, бели и сини ракети меко согоруваа во врелиот воздух, згаснувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Невидено, малото парче хартија беше повлечено од струјата врел воздух и исчезна во блесокот на пламенот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Небаре врела вода на врел воздух
искрснува, питома ем складна
змиски устремена, како што ѝ прилега
кога на-една-душа го шмука сиот живот
себеси за да се надмине
да го усоврши чинот
- самоволието!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Наспроти поплавата избрзани реченици во себе, пред него молчеше, вдишувајќи нагло врел воздух.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Капките удираа по моите очи и ме ослепуваа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Врелиот воздух му ги пали ноздрите и не го заситува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)