Турција е земјата што се наоѓа во најдобра географска положба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сите овие одлики му даваат право на Витолишча да се нарече центар на Мариово, иако по својата географска положба не е баш во центарот како Дуње, на пример.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Поради својата географска положба, Албанија, макар најчесто изолирана, ќе остане на крстопатот на империите и цивилизациите, пишуваше Татко во прологот на својата Историја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Поради тоа Георги Пирински во статијата ја презентира историјата на македонскиот народ, задржувајќи се притоа на националноста, географската положба, а посебно на националноослободителните движења на македонскиот народ низ историјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поголем простор во статијата Георги Пирински ѝ посветил на Народноослободителната војска на македонскиот народ, "како дел од Народноослободителната војска на Југославија", која "се бореше под врховната команда на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)