германски (прид.) - окупатор (имн.)

За тоа, како овој милионски град бил системно, по принципот на „килим“, до темел уриван од германските окупатори, гледав еден документарен филм во Градскиот историски музеј, во старот дел на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
При ова посебно нагласување дека било потребно да им се објасни на Македонците дека “и покрај тоа што ние се интересираме за ова, владата на Неговото Височество не може да заземе каков било став за македонското прашање сé до после победата“ и поради тоа британските офицери за врска на овој предмет требало да му пристапат со посебно внимание.171 На патот кон Дебарца Првата македонско-косовската ударна бригада имала неколку поголеми судири со бугарските и германските окупатори единици кај селата Завој и Велмеј и други места.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии при ВШ на НОВ и ПО на Југославија се совпаднале со сѐ позасилениот разгор на Народноослободителната борба и сé понагласената афирмација на партизанското движење како најмасовна воено-политичка сила на територијата на Југославија која била ангажирана во борба против германските окупатори.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)