Но таму ништо не сториле со бомбата, само ја разгледале и по ручекот, дома кај Јанчевци Крстевци, си заминаа за Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дури во пролетта во 1942-та дојдоа, од Прилеп, со џип, потпоручникот Куцаров и двајца германски офицери; го собраа Крсте Јанчески од дома, го качија во џипот и го одвезоа на Црн Камен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Види поопширно: Михаило Апостолски, Февруарски поход, НИК “Наша нига“, Скопје 1975., 17-23. 88 На 11 септември 1943 година Вториот кичевски и Првиот маврвски партизански одред на Првата оперативна зона го ослободиле Кичево од италијанските окупатори и балистичките сили. 89 Во овие градови по повлекувањето на Италијанците влегле германските окупаторски единици и воспоставиле своја управа со помош на балистите. 90 PRO HS5/882. 91 PRO WO 202/515A. 92 Ibidem. 93 Ibid. 94 PRO WO 202/515A. 95 Кичево било ослободено на 22 септември 1943 година од страна на борците од Вториот кичевски и Првиот мавровски партизански одред на Првата оперативна зона. 96 По борбата на Буковиќ од 1 октомври 1943 година, балистичките банди, предводени од германски офицери, го нападнале градот Кичево и по повеќечасовни борби успеале да го освојат. 97 Ова идеја на Светозар Вукмановиќ не се реализирала поради неможноста да се префрли до Босна, а исто така и поради германско-балистичките напади на единиците на НОВ и ПОМ во Западна Македонија. 98 PRO WO 202/515A. 99 Ibideм.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Затвореници: три германски офицери и 25 Бугари кои се предале без борба истакнувајќи дека такви биле нивните наредби“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тогаш се случи тој срамотилакот со сестра му на Еда, со Гала, зашто дома кај нив се смести еден германски офицер, еден убавец друг да го нема таков, очите на жените им истекоа по него и таа, Гала, се сплетка со него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тогаш во куќата на Нича Бранов власта му даде стан на еден висок германски офицер, гестаповец, кој беше во командата на градот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ние во Комитетот бевме загрижени дека Гала би можела да ја провали организацијата со својата врска со важниот германски офицер.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа Гала му беше љубовница на еден германски офицер, гестаповец.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Автомобилот застана на десетина чекори од него, кочниците како плугови се забуцаа во разјадениот камен. темен оклоп со две светкави џиновски очи, по сè - весел оклоп, Марлен, Марлен, Марлен, и двајца излезени од тој оклоп: сува жена и германски офицер во кабаница, долг и исправен, како обесен на закачалка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Кој ти?“ праша германскиот офицер.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Најпосле на вратата се покажа кметот и еден германски офицер.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Стана германскиот офицер и почна да зборува, ама Трајче не го разбираше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Германскиот офицер искомандува. Војниците ги свртеа револверите, пушките и шмајзерите во селаните.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во меѓувреме ние заробивме еден германски офицер, нашите го убија, а затоа пак, тие убија сто наши луѓе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)