Ќе го признаам и тоа дека во овие недела учествуваат и германски претставници; но тоа е само доказ колку длабоко овие опасности се вкорениле во германското народно тло и колку, од друга страна, е значајно против нив да се тргне во фронт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо. Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници. „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски. За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)