гладен (прид.) - е (гл.)

Дај му нешто, гладен е, ќе рече. Гладен сум Јано, ќе ѝ рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гладен е. Побарал да му ја однесеш торбата со јадење - со леб, со урда и кисели пиперки во склопци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Триаголникот на брадата му се повлече и ги откри птиците над нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но гладниот е секогаш себичен: само клунот свој си го гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гладен е, не може да биде погладен, но инаетот не му дава да слезе од масата. И, што да прави?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)