гол (прид.) - гранка (имн.)

Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ниски исушени џбунки високи голи гранки и меѓу нив ситното лисје на зелениката како детски прсти очи на пролетта што истрајува на горскиот студ.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Беше еден начин да се остане увиснат меѓу голите гранки над сивата провалија, го пронајде во сонот и продолжуваше и во тоа полујаве да го води својот разговор со онаа притаена, ранета ѕверка под себе, која му одговараше со своето тивко, жаловито завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ќе го закопаме, рекол некој зад Онисифор Проказник. Од зад голи гранчиња на темна грмушка кон него гледал кос.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина се определиле - едните за едниот Онисифор, другите за другиот. Мртвиот Дмитар-Пејко веќе ја разјадувал дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камениот јаглен се продава на лице место од самата банкина под големиот брест во мигот со голи гранки кои или се бијат една со друга насскувани од ветрот, или се китат со бели кадели од снег.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дрвјата со голи гранки. Леите со цвеќиња покажуваат патчиња од уличката до влезовите на куќарките.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Над нив голи гранки што благиот ветер ги нишка со надеж дека ќе се наведнат толку многу што ќе можат да го досегнат расфрланото злато и да си го врати пак на себе. Не! Не се досегнува!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се палат првите ѕвезди, претпазливо, како да се плашат од голите гранки, што покажуваат кон нивната студена светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гавранот беше претпазлив, иако претчувствуваше; стоеше на гола гранка и со гракање го известуваше својот црн род за последниот настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тивко ветре завеваше, свирејќи низ голите гранки... откинувајќи ситни праменчиња мов од стеблата на буките...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И една пролет, кога сѐ околу полјанката се расцвета и раззелене, двете јаворчиња останаа со голи гранки, црни и испукани. Се исушија. ***
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)