Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ги сскаше да не заостануваат, на Добра мажот го праќаше на крајот од колоната за да не се загуби баба Петра со пиленцата, и постојано на штрек да не го загуби деверот на Богородица кога скршнаа од насипот преку некои бавчи со голи дрвја.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)