гол (прид.) - рака (имн.)

- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Изграден е речиси со голи раце големиот кинески ѕид на Балканот, со безброј жртви кои како некогаш пред повеќе илјади години во царството Кина, со вградени долги тунели во дното на пругата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Па ќе те задавам бе чупе, ќе те задавам со голи раце!!!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Слегуваат железничарите и патниците и го чистат снегот, го клоцаат, го туркаат, со голи раце го ринат од пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме драсне некогаш, а јас мислам дека среќата со гола рака ме фатила за лице, за срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со голи раце сум го распретувала за да му ја откопам трагата кај што згазил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ајде, чедо мое, вели, оган со голи раце не се запира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ревел дека срцето му е раскрвавено, дека е измамен, дека некого ќе задави со голи раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Орлен Шумков и Богоја Гулабарин веднаш отрчале да го доведат својат пијан и дотогаш мирен другар, тој пак обајцата ги стресол од себе и продолжил да се врти околу куќата на Фиданка Кукникова страшно удирајќи си ги со тупаници градите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онаа кожена ташна што сам ја имав шиено во Гаково веќе е распадната па книгите ги носам во голите раце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Што ќе правите? Со гола рака се фаќа ли змија? Или со глава се турка ли ѕид?...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со голи раце ќе го допреш жарот Последната желба, родот свој го дава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И така Сталин, потпирајќи се на човекот, и само на човекот, ги остави луѓето со голи раце, како несреќни Сизифи да го извишуваат каменот до небиднина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А колкупати со гола рака сум ѝ го бришела носето и сум ја бришела и од други ѓубренца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)