Нервозно корнејќи ја сега и долната усна, Вера се прашуваше како е можно некој како неа кој важеше за најдобриот студент од групата, да не може да ја согледа разликата помеѓу него - големиот автор и некој обичен скрибоман.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И Пјотр Илич Чајковски налетал ненадејно на својата таинствена дама-заштитничка, која цели тринаесет години треперела над него, грижејќи се за сите негови потреби, вклучително и оние најбанални и најсекојдневни, а не само за неговата музика; бидејќи композиторот и односната (грофица Надежда Филаретовна фон Мек) никогаш не се сретнале (на двапати случајно се нашле на исто место, меѓутоа молскавично избегале еден од друг!), морале да разменуваат многу писма зачувани се околу 1200...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не мислев да соопштам дека големите автори, големите уметници се болни, макар и возвишени, ниту се трудев во нив да пронаоѓам некакви знаци на неуроза или психоза кои ќе ги „разоткријат” тајните на нивните дела, нивните „шифри”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)