голем (прид.) - писател (имн.)

Дискусииите водени околу проблемите при преведувањето се исто така водени на ниско ниво; студиите кои имаат „научен“ пристап кон оваа проблематика обично се индиосинкретични судови за сосема случајно одбрани преводи на делата на големите писатели како Хомер, Рилке, Бодлер или Шекспир.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога имав можност влегував со малиот Патрик во музејот каде што ми беше многу интересно и возбудливо да бидам толку блиску до големиот писател.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Коница беше близок пријател со Фан Ноли, архиепископ и албански државник, поранешен претседател на албанската влада, голем писател и преведувач на светските класици на албански јазик, во прв ред на Шекспир и на Сервантес.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сепак, дури и да се биде на трагата на еден толку голем писател како Набоков не е мала работа, а освен тоа, чинам, Урошевиќ, и покрај суптилните понирања низ историјата на литературата, е нешто повеќе од “човек на трага”, имено автор со веќе зрела и препознатлива поетика, и особено значаен за “новите писателски генерации” кои баш и немаат шанса на македонски да прочитаат добра авторска проза. (А.Б.)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Делез вели: „Големиот писател е странец во однос на јазикот на кој се изразува, дури и кога станува збор за мајчиниот јазик”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За големиот циник на деветнаесетиот век, а пред се голем писател и мислител, Вајлд, судбината во односот спрема човекот никогаш не ја затвора сметката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А од таа дефиниција, се чини, денес сме подалеку од било кога. извор: Ривал бр.2-3-4,1992г. подготовка и превод: Игор Ангелков Margina #19-20 [1995] | okno.mk 131 Емил Сиоран, 1911-1995 132 Margina #19-20 [1995] | okno.mk Кога станува збор за Сиоран, секогаш се земаат двата фасцинантни лика, двете комплементарни личности на овој голем писател: романскиот Чоран, роден на 8. април 1911. во трансилваниското село Рашинари, кај Сибиу, авторот на шест книги на мајчиниот јазик; и францускиот Сиоран, светиот монструм, кому, при крајот на животот, како што велат, самиот Господ сé почесто му ја барал автобиографијата на увид.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вулкански Џон Барт (John Barth, 1930) е еден од големите писатели на американскиот постмодернизам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Имаше своја животна мудрост и тоа е причината што од с срце го поздравувам Луан, не само како голем писател, туку и како свој балкански брат!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Марксистичко-материјалистичката “екстремна позиција” на Крлежа е малиген израсток врз во основа здравото граѓанско ткиво на нашиот голем писател.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И, ете, затоа во Луан Старова поздравувам не само еден голем писател туку и балкански брат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лоран Ребо, швајцарски писател Coopération, 28/29 juillet 1997 Тоа што ќе се случи во романот Времето на козите, Старова го изразува силно, со сочната моќ својствена на големите писатели на Централна Европа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За трите земји е карактеристично што создале големи писатели кои се спротивставувале на тираниите во минатото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)